fbpx

Повеќе се разведуваат отколку што се венчаваат

-

Според Државниот завод за статистика, минатата година во земјава повеќе бракови се разведени отколку што се склучени. Податоците покажуваат дека лани се склучени 13.813 бракови, кои се за 1,2 отсто помалку од претходната година, а разведени се 2.210, што е за 8,1 отсто повеќе во однос на 2013 година.

Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 13,2 отсто, а најмалку во март, 5,8 отсто. Жените најчесто стапуваат во прв брак со 92,7 отсто и мажите со 90,6 отсто. Во втор и во трет брак почесто стапуваат мажите. Од вкупниот број бракови, во 8,7 отсто мажите стапиле во втор, а во 0,7 отсто склучиле трет брак.

Просечната возраст при склучување прв брак е 26 години за невестата и 28 години за младоженецот.

Најмалку разводи имало во август, 3 проценти, а најмногу во декември – 11,2 отсто.

Според возраста на сопругата, најголем број разводи се случиле во старосната група од 30 до 34 години, a за сопругот во старосната група од 35 до 39 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...