fbpx

Повеќе од 30 тужби од Македонци од САД за измамата со евтини авиобилети

-

Повеќе од 30 тужби поднеле Македонците кои живеат во САД, против сопственичката на прилепската туристичка агенција „Сториа травел“, обвинувајќи ја за измама со евтини авиобилети, дознава „Мета“.

Како што веќе објавивме, Македонци, иселеници, обвиниваат за измама со ветување дека купиле евтини авиобилети до скопскиот аеродром. Целата ујдурма настанала за време на новогодишните прослави за Македонците во дијаспората, кога, пејачката, Елена Јовчевска која ги забавувала, а е по потекло од Прилеп, им понудила евтини авиобилети до Македонија преку австриската авионска компанија „Aустриан ерлајнс“. Тие парите, пак, и ги исплаќале директно на сопственичката на туристичката агенција „Сториа травел“, Јасмина Јорданоска-Чебренска.

Како што вели за „Мета“ Љупчо Станчевски, кој 25 години живее во Охајо, во САД, над 30 Македонци веќе поднеле тужби против агенцијата.

– Секојдневно се поднесуваат тужби против агенцијата. Но и кога ќе се вратам во САД ќе поднесам тужба преку адвокат од таму. Парите се уште не ни се вратени, а немаме ниту контакт со некого од агенцијата – вели Станчевски.

Тужба против агенцијата, каде што била вработена, поднела и пејачката Елена Јовчевска. Таа вели дека ќе излезе со конкретни информации кога ќе биде покренато обвинение.

За секој евентуално настанат проблем при патувањето, патникот е должен да достави приговор во туристичката агенција за да може да се разгледа и да му се одговори“, реагира од „Сториа травел“. Од таму велат дека фолк пејачката Елена Јовческа е вработена кај нив на работно место референт за продажба и е потписник на жиро-сметката на агенцијата од каде примала плата и била должна да работи согласно закон.

Инаку, Чебренска е познато име во полициската евиденција. Таа во 2012 година како управител на прилепската туристичка агенција „Вијаџо“, доби 30 дена притвор за кривично дело измама. Пријавата до полицијата и до обвинителството беше поднесена од триесетина измамени граѓани кои платиле туристички аранжмани за Грција, Шпанија и за Египет, но ниту ја добиле услугата, ниту парите им се вратени. Полицајци, судии, обвинители, адвокати, пратеници и бизнисмени од Прилеп беа измамени од оваа туристичка агенција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...