fbpx

Поумерени негативни ефекти од ковид-19 врз економијата очекува Народна банка во третиот квартал

-

Kаматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 1,5 проценти, било одлучено на редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП).

„Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата,“ велат од Народна банка.

Од таму додаваат дека најновите макроекономски показатели покажуваат пад на бруто домашниот производ во вториот квартал од 12,7 проценти, што во целост е во согласност со проекцијата на Народната банка според која очекуваното намалување изнесуваше 12 проценти.

„По минималниот раст на економијата во првиот квартал од само 0,2 проценти, во вториот квартал, економијата очекувано забележа досега најдлабок годишен пад, одразувајќи ги ефектите предизвикани од пандемијата на ковид-19. Тековно расположливите високофреквентни податоци за третиот квартал од 2020 година, упатуваат на поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност. Ова е видливо преку забавувањето на годишните стапки на пад на индустријата и трговијата во јули, додека на месечна основа се забележува раст и во двата сектора,“ додаваат од Народна банка.

Од таму потенцираат дека просечната годишна стапка на инфлација и натаму се одржува на релативно ниско и стабилно ниво, и за првите осум месеци од годината изнесува 0,8 проценти, за што главно придонесуваат повисоките цени на храната.

„Во однос на проекцијата, ваквите остварувања се над очекувањата за 0 проценти стапка на инфлација во 2020 година. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и нивна голема променливост посебно изразена во услови на глобалната пандемија, неизвесноста околу остварувањето на проекцијата на инфлацијата за 2020 година е зголемена,“ велат од Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...