fbpx

Порталите рекордери по бројот на поплаки до Советот за етика во медиумите

Годишниот преглед на примените жалби до СЕММ во 2023 година покажува пораст на говорот на омраза за 4 пати во однос на претходната година

-

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ги презентираше годишниот извештај за 2023, во однос на бројот на жалби за неетичко известување во медиумите. Податоците што ги презентираше претседателот на Комисијата за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, покажуваат дека од вкупно примени 132 жалби, дури 110 се однесуваат на онлајн медиумите, за кои посочи дека се најбројни во земјава, но и најчести прекршители на правилата за одговорно известување.

Илустрација: СЕММ

Годишниот преглед на примените жалби до СЕММ во 2023 година покажува пораст на говорот на омраза за 4 пати во однос на претходната година.

Илустрација: СЕММ

Трите најпрекршувани членови од Кодексот на новинарите во 2023 година, според статистичкиот преглед на СЕММ, се член 1, член 10 и член 7, дури во 31 жалба е прекршен членот 1, кој гласи „неточни и непроверени информации, немање втора страна и отсуство на најмалку два меѓусебно неповрзани извори“.

Во 15 жалби е донесена одлука за прекршување на член 10 кој гласи „говор на омраза и поттикнување насилство или дискриминација врз која било основа“, а во 8 жалби се нотира прекршување на член 7 кој гласи „новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост“.

Адамчевски, посочи и дека бројот на примени жалби во 2023 година во однос на претходната година е двојно зголемен, односно во 2022 година добиени биле 78 жалби.

„Најчести подносители на жалби во 2023 година се граѓани, тоа нас како СЕММ нè радува, значи Советот е едно видливо тело на кое можат да му се обратат граѓаните и да поднесат жалби за непрофесионално однесување на медиумите. После граѓаните доаѓаат невладините организации, што значи и тие си ја вршат својата работа како чувари на она за што се залагаат“, рече тој.

Секој граѓанин може да поднесе жалба до Советот за етика во медиумите, доколку смета дека одредена содржина се коси со етичките стандарди на известување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...