fbpx

Порталб: Земјава доби 4,318 милиони долари американски средства, како ќе ги искористиме?

-

Во рамките на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, американската влада додели дополнителни средства од 4,318 милиони американски долари за зајакнување на владеењето на правото во земјата. За тоа како точно ќе се поделат овие средства, Порталб.мк стапи во контакт со Министерството за надворешни работи, кое како делегација ја претставуваше Владата на Северна Македонија, од каде рекоа дека овие средства ќе се користат според приоритетите на американската влада и потребите на локалните институции.

Тоа беа дополнителни средства од американската влада, а кои во изминатите години се издвојуваа токму за владеење на правото во земјата, велат од МНР на Северна Македонија.

„Од 2012 година наваму, врз основа на писмото за разбирање за спроведување на законот меѓу Владата на САД и Владата на Република Северна Македонија, Владата на Соединетите Американски Држави преку Амбасадата во Скопје секоја година обезбедува поддршка со цел зајакнување на владеењето на правото и зголемување на довербата на јавноста во институции за спроведување на правото – правосудниот систем во Северна Македонија“, велат од МНР.

Поконкретно, овие средства ќе бидат искористени за проекти, кои се предвидени од Меѓународното биро за борба против наркотици и спроведување на законот – Стејт Департмент (Стејт Департмент /Меѓународно биро за наркотици и спроведување на законот) и кои се насочени кон подобрување на ефикасноста на кривично-правниот систем.

Состанок за стратешки дијалог, фото: МНР на РСМ

„Затоа Бирото соработува со обвинителствата, судовите, Академијата на судии и јавни обвинители, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција, Царинската управа, правните факултети, Адвокатската комора, Здружението на судии, Здружението на јавни обвинители, Здружението на кривично право и криминологија, невладини организации и слично“, велат од Министерството за надворешни работи.

Покрај релевантната програма на Бирото, преку која се обезбедува поддршка за различни настани, студиски престои и професионално усовршување, донации и грантови, се нуди поддршка, додаваат од ова министерство, и преку програмите на Канцеларијата за развој, помош и обука на обвинителствата во странство при Одделот за правда (Department of Justice, Office of Overseas Prosecutorial Development, Assistance and Training), наменета за обвинителството, судовите, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција, како и преку програмите на Меѓународната програма за помош за обука за криминалистичко истражување преку Министерството за правда (Department of Justice, International Criminal Investigative Training Assistance Program), наменета за Министерството за внатрешни работи.

Поточно, годинава средствата (4.318.000 американски долари) се доделени на проекти во надлежност на Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи и релевантни институции од правосудниот систем и органите на спроведување на законот.

Инаку, стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи од наша страна и делегацијата предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, д-р. Карен Донфрид. Стратешкиот дијалог е форум кој обезбедува рамка за билатерални односи и соработка во одбраната, економијата, образованието, транспортот, енергијата, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупцијата, владеењето на правото, трговијата и други теми од заеднички интерес.

Со почетокот на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, пријателските односи меѓу двете земји се подигнати на ново, повисоко ниво во име на продлабочување на стратешкото партнерство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...