fbpx

Порталб: Министерството за економија не го открива потенцијалниот инвеститор во Попова Шапка

-

Од Министерството за економија велат дека процедурите за постигнување конечен правен договор за Попова Шапка во износ од 50 плус 50 милиони евра се во завршна фаза, но не соопштуваат детали за инвеститорот, бидејќи според нив ова е стратешка инвестиција и тоа е во интерес на постапката. Очекуваат со вакви инвестиции да се зголеми туристичката понуда во земјава и на тој начин на Попова Шапка да му се врати сјајот што го заслужува, пишува Порталб.мк.

За граѓаните останува нејасно кој ќе биде инвеститорот, кој со концесија ќе го преземе управувањето со Попова Шапка, бидејќи од Владата и Министерството за економија нема детални информации.

Засега единствено се знае дека Владата на Северна Македонија пред пет месеци кратко најави дека инвеститорот работи на подготовка на проектот, без да наведе кој е, ниту дали истиот ја добил концесијата.

Порталб.мк од 3 ноември постојано ја контактира Владата на РСМ околу ова прашање барајќи детални информации за овој проект, а на владините служби им требаше повеќе од еден месец да ни пратат одговор, но без деталите што ги баравме.

Од Министерството за економија за Порталб.мк рекоа дека процедурите за постигнување конечен правен договор за скијачкиот центар „Попова Шапка“ во вредност од 50 плус 50 милиони евра се во завршна фаза.

„Проектот е во согласност со Законот за јавно-приватно партнерство, за концесии или стратешки инвестиции, во зависност од последната фаза од договорот. Целта на договорот е да се додели 99-годишната концесија на еден од најголемите инвеститори во скијачките центри во Европа“, велат од Министерството за економија.

Од таму додаваат дека откако ќе се донесе конечната одлука за инвеститорот, тој ќе биде објавен од Владата откако ќе се завршат сите процедури.

По ова, Порталб.мк повторно испрати дополнителни прашања до Министерството за економија за оваа инвестиција за да дадат поконкретни детали за кого станува збор, какви се очекувањата и условите од овој договор, но од таму велат дека се работи за стратешка инвестиција и сите детали околу инвеститорот, инвестицискиот план и анализата на очекуваните ефекти од инвестицијата се во интерес на постапката и истите ќе бидат објавени по завршување на целата процедура.

„Како Министерство за економија очекуваме со овие инвестиции да се зголеми туристичката понуда во РСМ и со тоа да се врати сјајот што Попова Шапка го заслужува, како еден од најдобрите зимски скијачки центри во регионот“, додаваат од Министерството за економија.

Инаку, лошата инфраструктура, особено во населбата на викендичките, недостатокот на паркинг и управувањето со отпад, се само три од проблемите со кои се соочува овој туристички центар во текот на скијачката сезона.

Министерот за економија Крешник Бектеши во средата изјави дека веќе добиле понуди за развој на Попова Шапка и дека ги разгледуваат истите. Тој најави дека се работи за понуди за јавно – приватно партнерство и други понуди, а според него, паралелно со тендерската постапка инвестираат и Владата и менаџментот. Но, притоа не даде детали за да се конкретизира тоа што го кажа.

Комисијата за Попова Шапка е нефункционална. Одржувањето на еден состанок не ја прави успешна и функционална работата на Комисијата за Попова Шапка, иако тоа го тврди министерот за економија, Крешник Бектеши. Не ја прави функционална ниту праќањето е-пошта помеѓу тесен круг на луѓе кои меѓусебно ги одобруваат идеите на едни со други. Целта на оваа комисија, според она што се обврза самото министерство, беше сите релевантни страни да дадат предлози за судбината на Попова Шапка, а не да стане затворена нетранспарентна група.

Од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, Општина Тетово, Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство и координаторот на оваа комисија од Министерството за економија за Порталб.мк потврдуваат дека нивните претставници досега учествувале само на една средба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...