fbpx

Попова Шапка уште ја чека помпезно најавуваната италијанската инвестиција

Независно од тоа што наскоро ќе наврши една година од презентацијата на планот за инвестиции на италијанската компанија „ТехноАлпин“ во Попова Шапка, договорот со нив сè уште не е склучен, пишува Порталб.мк

-

Иако новата зимска и скијачка сезона се ближи, туристичкиот центар Попова Шапка сè уште е во очекување на италијанскиот инвеститор, компанијата „ТехноАлпин“ со која владата не склучила договор. Од страна на Владата за Порталб.мк велат дека преговорите со италијанската компанија течат, но не даваат детали.

Независно од тоа што наскоро ќе наврши една година од презентацијата на планот за инвестиции на италијанската компанија „ТехноАлпин“ во Попова Шапка, договорот со нив сè уште не е склучен.

Институциите не даваат детали за овој проект, само кратко соопштија дека преговорите се во тек.

„Преговорите за инвестицијата во Попова Шапка се во тек, а изработен е и предлог-текстот на Договорот во согласност со Законот за Стратешки Инвестиции“, рекоа од Генералниот Секретаријат на Владата на РСМ.

Сличен одговор дадоа и од Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање (МЖСПП).

Детали не соопштуваат ниту од италијанската компанија.

„Во моментов не сме во можност да дадеме никаква информација во врска со ова прашање, бидејќи сè уште сме сред преговори“, изјавија за Порталб.мк од ТехноАлпин исто како и во месец јули.

Претходно од МЖСПП беше соопштено дека склучувањето со заинтересираната италијанска компанија „ТехноАлпин“ ќе се направи откако ќе бидат договорени сите детали и откако ќе се донесат измените на Законот за стратешки инвестиции од страна на Собранието.

Инвестицијата во скијачкиот центар, пред сè, како што е најавено од страна на Министерството за животна средина е условена и со ставање во функција на гондолата/жичарата од Тетово до Попова Шапка, проект кој веќе подолго време се бара од страна на граѓаните но не се реализира од страна на државата.

„ТехноАлпин“ во декември 2022 година го презентираа нивниот план за развој на овој туристички центар. Инвестицијата е предвидена да се реализира во седум фази и достигнува вредност од околу 180 милиони евра. Во првата фаза се очекува да има приоритет изградбата на системите за вештачки снег, бидејќи се планира сезоната да трае подолго и да не зависи од снежните врнежи. Првата фаза која достигнува вредност од 55 милиони евра го опфаќа периодот 2023-2028 додека другите фази (2-7) од 2028 година натаму.

Неодамна се формираше новото претпријатие кое ќе менаџира со Попова Шапка со името „Попова Шапка“.

Овој туристички центар со години наназад е занемарен без ниедна инвестиција во истиот. Меѓу најголемите проблеми се урбанистичкиот хаос, недостатокот на паркинзи, лошото управување со отпадот, градењето без дозвола и други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...