Поплави во Северна Кореја, Ким прогласи вонредна состојба

Илјадници граѓани во азиската земја останаа отсечени

-

Поплави ја зафатија Северна Кореја, оставајќи илјадници граѓани отсечени. Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун прогласи вонредна состојба, пренесува Би-би-си.

Градот Синуиџу и областа Уиџу, кои се наоѓаат на граница со Кина, претрпеа најмногу штета – се ширеа слики од потопени земјишта и домови.

Државните севернокорејски медиуми известија дека спасувале луѓе по воздушен пат, но Би-би-си не успеа независно да го потврди оваа тврдење.

Северна Кореја, која обично е таинствена кон надворешниот свет, особено кога станува збор за негативните вести, се поставува релативно отворена во оваа ситуација. Имено, државните медиуми ја опишуваат ситуацијата како „тешка криза“.

Сепак, во весникот не се споменуваат никакви бројки за жртви, само се споменува дека над 4.200 жители биле евакуирани.

Ким лично отиде да ги посети зафатените региони.

„Ким Џонг Ун излегува во јавноста и демонстрира дека државата е способна да се грижи за својот народ. Северна Кореја сега е поспособна од претходно бидејќи ги зајакна односите со Кина и Русија. Сега има повеќе ресурси за да ја поддржи својата реторика“, изјави Гордон Канг, професор и експерт за Северна Кореја.

Инаку, невремето е дел од низа катастрофални настани во Азија, кои научници сметаат дека се последица на климатските промени. Имено, типичната сезона за поплави започна два месеци порано во регионот.

Тајфунот Гаеми минатата недела доведе до големи поплави во делови на Филипините, а потоа и на Тајван. Потоа се се спушти на копното во кинеската провинција Фуџијан, по што се намали во интензитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поевтинуваат бензините и дизел горивото

Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во...