fbpx

Срдечен пречек на Путин во Северна Кореја – Ким ја поддржа руската „специјална операција“ во Украина

Двете страни потпишаа договор за стратешка соработка

-

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Северна Кореја во официјална посета на земјата. Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, му посака добредојде на рускиот лидер, кој беше пречекан со севернокорејски и руски знамиња, како и толпа од стотици посетители, пренесува Гардијан.

Двајцата лидери потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји. Ким изразил и поддршка за „специјалната операција“ на Русија, како што Москва ја нарекува инвазијата врз Украина.

Поддршка за Украина и зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји  доаѓа откако САД предупреди дека зацврстување на односите меѓу двете земји може да доведат до дестабилизација во Украина и на корејскиот полуостров.

„Состојбата во светот станува се покомплицирана и брзо се менува. Во оваа состојба, имаме намера дополнително да ги зајакнеме стратешките односи со Русија и нејзиното раководство“, изјави Ким на средбата.

САД и Јужна Кореја тврдат дека имаат докази дека Северна Кореја ѝ доставила на Русија десетици балистички ракети и повеќе од 11.000 контејнери со муниција за употреба во Украина, а Ким за возврат побарал руска храна и струја, како и поддршка за севернокорејската вселенска програма.

Иако на самит пред девет месеци двете земји негираа дека склучиле договор за оружје, Путин денес ѝ се заблагодари на владата на Ким за нејзината поддршка.

„Ќе развиеме алтернативни механизми за трговија кои не се контролирани од Западот“, напиша Путин во напис за националниот весник во Северна Кореја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...