fbpx

Поминаа 22 години од масакрот кај Вејце, Петровска бара да се подигне спомен-обележје

Овие настани не треба и не смее да нè разделуваат, напротив, тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат, вели министерката за одбрана Петровска

-

Денеска се навршуваат 22 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица „Волци“, додека се движеа меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.

Шестмина преживеаја, бидејќи биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.

Фото: Министерство за одбрана

Министерката за одбрана Славјанка Петровска објави дека заради оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце, поднесува иницијатива согласно член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата Советот на Општина Тетово, да донесе одлука за подигање на спомен-обележје.

„Овие настани не треба и не смее да нè разделуваат, напротив, тие треба да бидат паметник од минатото, грешките да не се повторат и страдањата да не оживеат“, напиша министерката Петровска.

Таа утринава го посети местото каде што загинаа припадниците на македонската армија и полиција.

Во масакрот кај Вејце, животите ги загубија Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...