fbpx

Полициски службеник измамил турски државјанин

-

Единица за имотни деликти на СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје гo предаде М.И.(44) од Скопје, поради основи на сомнение дека во својство на униформиран полициски службеник, вработен во полициска станица Бит Пазар, заедно со Н.А.(25) од Скопје, извршиле измама, а првопријавениот сторил и злоупотреба на службената положба и овластување за противправно да стекне имотна корист од 500 евра.

Имено, М.И. стапил во контакт со Н.А. и заедно го довеле во заблуда Т.Б.(25) од Турција, на кого со лажно прикажување на факти првопријавениот му зел 500 евра, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.750 денари.

Полицискиот службеник му ветил на турскиот државјанин дека преку негови луѓе ќе му помогне да му го најдат возилото, а за противуслуга побарал 500 евра.

Откако го договориле местото каде што требале да бидат исплатени парите, турскиот државјанин го пријавил случајот во полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...