fbpx

Полицајци на велосипеди во текот на летната сезона во Охрид

Велосипедската полиција е начин за поголема мобилност на полициската служба, посебно во летните месеци кога има зголемена фреквенција на сообраќајниците во Охрид, велат од МВР

-

Од денеска СВР Охрид, во редовната полициска работа низ градот и туристичките населби во околината ја воведе велосипедската полициска патрола, информира МВР.

Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучуваат во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на различни кривични дела по плажите и паркинзите, како и во централното градско подрачје.

„Велосипедската полиција е начин за поголема мобилност на полициската служба, посебно во летните месеци кога има зголемена фреквенција на сообраќајниците во Охрид, можност за побрзо пристигнување на местото на настанот каде има нарушување на јавниот ред и мир или имотен деликт, посебно во централното градско подрачје, откривање и пронаоѓање на сторителите на кривични дела или одржување на јавниот ред и мир, како и укажување помош и заштита на граѓаните и поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи утврдени со закон“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Велосипедската полициска патрола во Охрид, за првпат стартуваше во 2008 година, откако припадниците поминаа низ посебна обука, реализирана од инструктор со сертификат за посебни техники на полициско велосипедско патролирање, претходно обучен од американски полициски обучувачи за полициско патролирање на велосипед.

„Патролата е редовно присутна и во обезбедување на музички и спортски манифестации што во летниот период се одржуваат во Охрид. Покрај позитивното делување за поблизок контакт со граѓаните, посебно со младите, патролата го афирмира велосипедизмот како спортска дисциплина, ја промовира грижата за здрав начин на живот и го надоградува позитивниот имиџ на полицијата во јавноста. Секако, тука е и значителната економска оправданост од постоењето и работата на велосипедската полициска патрола“, велат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...