fbpx

Почна фестивалот „Битола отворен град“

-

Најновото издание на фестивалот „Битола отворен град“ почна денеска. Оваа манифестација, која се организира од 2002 година, ја организира Младински културен центар – Битола.

Реализацијата на програмата почна со музичка интерактивна работилница, која се одржа пред Домот на АРМ, а која ја модерираа музичарите Зоки Конга и Александар Јинациќ. Манифестацијата продолжува утре со меѓународна филмска ревија, на која ќе бидат проектирани филмови на автори од Чиле, Шпанија, Молдавија, Кипар, Иран, Италија, Србија, Бугарија и од Македонија, а централниот настан ќе се одржи в сабота навечер, кога ќе настапи познатата белградска група „Партибрејкерс“.

Меѓународниот фестивал „Битола отворен град“ е поддржан од повеќе македонски компании и од Општина Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...