fbpx

Фестивалот на музички документарни филмови ќе почне на 1 јули

-

Фестивалот на музички доументарни филмови „Скопје синема сити“ се организира првпат оваа година под мотото „Филмови, музика и вино“, како дел од манифестацијата „Скопско лето 2015“, во соработка со Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.

Во текот на петте фестивалски денови, од 1 до 5 јули, во просторот на Сули-ан (Факултетот за ликовни уметности) во Старата скопска чаршија, ќе бидат прикажани 13 музички документарни филмови од домашна и од странска продукција, кои на авторски својствен начин ја обработуваат темата на музиката: биографски, промотивни, но и филмови со силна социјална тематика.

Фестивалот ќе биде свечено отворен со ексклузивна изложба на фотографии со Дејвид Боуви, во присуство на авторот, британскиот фотограф Брајан Рашиќ. Изложбата, поддржана од Министерството за култура на РМ, ќе презентира селекција на концертни фотографии, почнувајќи од турнејата на Боуви од 1983 насловена „Serious moonlight“, преку „Tin machine“, па сè до последните турнеи од 2002 и од 2006 година, пред неговото повлекување од сцената.

Следејќи го фестивалскиот концепт за приближување на македонската со европските и со светските музички и филмски култури, фестивалот секоја година ќе има различна земја-партнер. Годинава тоа е Германија и со поддршка на германската амбасада, во Скопје пристигнува и режисерот Ули Шупел, авторот на „Ник Кејв – Патот до Господ знае каде“ (Nick Cave – The road to God knows where).

Македонските документарни филмови имаат свое рамноправно место во програмата на „Скопје синема сити“. Меѓу нив се „Јас сум андерграунд“ – филм посветен на групата „Шутка рома рап“, „Денот да е радосен“ за „Културно-уметнички работници“, како и премиерата на филмот „Уметници за жици“ за семејството Гиевски, изработувачи на инструменти од чаршијата.

Покрај филмската програма, во рамки на фестивалот на 2, 3 и на 4 јули во кафе-барот „Менада“ ќе бидат организирани и работилници, предавања и мастер-часови поврзани со филмската музика, музичката продукција и со културниот менаџмент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...