Почина Албер Удерзо, стрип цртач и коавтор на Астерикс

-

Семејството на Албер Удерзо известило дека на 92-годишна возраст денес, на 24 март 2020 г. во неговиот дом во Нуи сур Сен во Франција починал легендарниот стрип-цртач и еден од авторите на Астерикс, јави Агенцијата Франс-Прес.

Удерзо бил роден 1927 година во францускиот град Фисме како четврто дете на италијански италијански емигранти. Тој е светски познат како човекот што педесет години го црташе стрипот „Астерикс“, кој го создал заедно со сценаристот Рене Гошини во 1959 година за часописот „Пилот“.

Авантурите на Астерикс се една од најуспешните европски стриповски франшизи, кои по првата епизода „Астерикс, Галот“опфаќаат 38 „официјални“ и неколку „неканонски“ стрип-албуми, серија на цртани филмови, серија на играни филмови и забавен парк.

Стриповите се преведени на над 100 јазици низ светот, но до сега немало издание ниту на македонски ниту на албански јазик.

Приказните  за малиот галски јунак и неговиот пријател Обеликс, како и галеријата сатирични ликови од единственото село кое останува непокорено од Римјаните на Јулиј Цезар не се единствено познато дело на тандемот Гошини-Удерзо. Претходно го имаат направено и стрипот „Умпах Пах“ кој беше популарен и во француско-белгиското подрачје и неколкупати е реобјавуван на просторите на бивша Југославија.

Гошини починал во 1977 година, по што Удерзо продолжи сам да го пишува и црта стрипот. Тој заминал во пензија во 2011 година по завршувањето на 34-тиот стрип-албум „Роденденски Астерикс и Обеликс: Златната книга“, збирка кратки приказни во која на карактеристичен хумористичен начин се потсмева и со сопственото наследство и со критичарите на неговото дело.

Насловна страница на хрватското издание на „Роденденски Астерикс и Обеликс: Златната книга“, последниот стрип-албум за Астерикс што го нацртал Удерзо

Според изјавата на неговиот зет Бернар де Шоази за АПФ, сопруг на неговата ќерка единица Силвие, Удерзо починал во сон, по доживеан срцев удар и неговата смрт нема врска со епидемијата на Ковид-19.

Астерикс продолжуваат да го создаваат Жан-Ив Фери и Дидие Конрад, кои меѓу 2013 и 2019 година имаат објавено пет нови епизоди на актуелни теми, меѓу кои и „Папирусот на Цезар“ – сатира на случајот Викиликс, како и „Астерикс и трката низ Италија“ во 2017 година, каде еден од негативците случајно се вика – Коронавирус.

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец,...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка...