По обвинувањата од Филип Петровски, дека во ВМРО-ДПМНЕ се води валкана кампања пред конгресот за избор на нов партиски претседател, Никола Груевски денеска на излегување од судот рече дека токму затоа го имал последното обраќање преку неговата официјална „Фејсбук“ страница.
– Во овој момент има внатрепартиска кампања и има се и сешто, јас слушнав за дел од тие наводи во јавноста и тоа беше повод за моето обраќање преку „Фејсбук“, по кое, се надевам, дека работите се колку – толку доведени во ред. Знаете, штом има повеќе заинтересирани, секогаш има некој незадоволен, но како што истакнав, треба да ги победат емоциите, оти по 23 декември ќе бидат на иста страна, за да може партијата потоа да се врати на власт – рече Груевски.