fbpx

По дождот во Пелагонија, критичен водостојот на Црна Река

-

Секоја капка дожд во Пелагонија плива над почвата, а есенската сеидба е крајно неизвесна дали и кога ќе заврши, сметаат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, напоменувајќи дека дождовите во изминатите денови го зголемија нивото на Црна Река на критичните 3,60 метри, ако се знае дека нејзиниот капацитет е 4,30 метри.

– Високиот водостој на Црна и воопшто состојбите со влагата во почвата во Пелагонија не се паметат од осумдесеттите години на минатиот век. Има површини кои константно се под вода и земјоделците веќе се откажуваат таму да сеат наесен – вели Димче Јошевски од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола. Вчера жителите на селото Карамани побарала чистење на селскиот канал, кој се влива во четвртиот канал бидејќи постоела опасност да им ги поплави засеаните ниви со есенски култури.

нивиСеидбата на есенските култури е запрена веќе две недели, како и жетвата на пченката во зрно.

– Нивата е изорана, сакавме да ја сееме со пченица, но не се влегува внатре, сè е кал. Водата стои, сè си велиме дека проблемот е во неисчистените канали- се пожали  Јане Тошевски, земјоделец од битолското село Логоварди.

Од Сојузот на земјоделци на Македонија велат дека сеидбата е остварена само на половина од предвидените површини. Околу 5.000 хектари каде не е ожнеана пченката, не ќе можат да бидат посеани затоа што плодоредот за овие култури е веќе завршен, велат од Сојузот. Но, според нив, клучното прашање е ако продолжат дождовите дали ќе може да се влезе во нивите напролет.

– Прашање е дали и идната година на овие површини ќе може да се организира производство на храна бидејќи со овие дождови не ќе можеме до јуни да влеземе во нивите – изјави Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците.

Во исто време, надлежните од Пелагонија стравуваат дека оваа сеидба ќе донесе и намалени приноси.

– Приносите можеби ќе бидат помали за 50 проценти. Но, ако дозволат условите, ќе имаме пролетна сеидба, така што можеби ќе имаме околу 70 до 80 проценти од очекуваните приноси. Таква е состојбата што не се памети досега во ноември да заврнале 100 литри дожд на еден  квадратен метар – вели Илија Србиновски, раководител на Министерството за земјоделство во Битола.

Пелагониските општини веќе бараат трајно решение за справување со поплавите во земјоделските површини. Така, општините каде што поминува реката Црна, ќе бараат од Владата средства за целосно чистење на коритото на реката. Исто така, се размислува да се изгради вештачко езеро кај селото Егри и да се вложи во пумпи за одводнување.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...