fbpx

Планинари од Балканот се искачија на Титов Врв

-

Стотина планинари попладнево ја освоија највисоката точка на Шар Планина Титов Врв, кој се наоѓа на надморска височина од 2747 метри.

Планинарската тура во која учествуваа планинари од Македонија и Балканот, тргнаа од Попова Шапка рано наутро и за неполни пет часа по патека долга 15 километри, стигнаа до целта.

– Планинарењето по овие предели е покарактеристично од другите планини. Специфичноста на овој предел е неговата разноликост, каде има голем број извори, карпести предели, остатоци од снег, езерца. Од овој масив можат да се видат широките пространства на Шар Планина, од каде се гледаат и останатите врвови, кои се на надморска височина над 2500 метри- изјави Снежана Новаковска од планинарскиот клуб „Тетекс“.

Денешното искачување на Титов Врв е традиционално. Беше организирано по седми пат од планинарските клубови „Јелак“ и „Тетекс“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...