fbpx

Чавков: ЕУ нема конзистетно решение за бегалците, а нашите капацитети се ограничени

-

Проблемот со бегалците е светски проблем, не е ниту македонски, ниту грчки и затоа е потребна меѓународна реакција, изјави во Гевгелија министерот за внатрешни работи Митко Чавков, додавајќи дека засега засега нема никакво решение ниту пак има нешто на повидок.

– ЕУ нема конзистетно решение за справување со оваа хуманитарна катастрофа. Нашите напори се ублажување на тоа, но капацитети ни се ограничени и затоа е прогласен кризен регион. Се обидовме на почетокот да обезбедиме соодветен третман, првично прифаќање на ранливите категории, но очигледно не наидовме на кооперативност од мигрантите. Јас ги разбирам, поминале многу до тука и на тој начин се создаде гужва и тоа беше причината да ја нападнат полицијата со камења – рече Чавков за време на посетата на локацијата каде се гради прифатилиште за бегалците, во близина на границата.

Министерот смета дека клучно во ублажување на проблемот со големиот наплив на бегалци е координацијата со Грција, но и координација на регионално и европско ниво.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој исто така беше во посета на границата, рече бегалците се примаат во неколку групи, а откако ќе добијат потврди можат да продолжат кон север.

– Владата на Република Македонија прави се што може да ги прифати колку што имаме средства на располагање и се надевам дека ќе се направи заедничка стратегија за цела Европа – рече Јолевски, додавајќи дека прифатниот центар ќе биде краткорочно место за бегалците.

Јолевски смета дека е невозможно да се предвиди колкав ќе биде следниот бран бегалци, бидејќи голем дел од нив со бродови доаѓаат до Грција, а потоа се транспортираат од грчка страна по копното до македонската граница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...