Корапски водопад на планината Кораб. Фото: Силвана Жежова

Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, ЈП „Национални шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шумите. Од денеска правните и физички лица ќе може да се движат во природа со однапред добиена дозвола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција.

„Ова се однесува и на планинарите и на параглајдеристите, кои што ги користат нашите планини за нивните активности“, рече Ангелов.

Во моментот активни се четири пожари и тоа над селата Раовиќ и Буковиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река, кон Јасен, во струмичко Василево и прилепското село Топлице.