По десетти пат се одржа трката „прв до врв“ на која учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, кои со планинарење, трчање или возење велосипед ја искачуваа планината Водно, и се натпреваруваа кој прв ќе пристигне до врвот.
Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред ОУ Кочо Рацин.
Трката „прв до врв“ е манифестација која секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина и годинава се состоеше од два дела, односно натпреварувачки и забавен карактер.
Организатор на трката е Здружението за спорт и рекреација ПРВ ДО ВРВ, а настанот се реализира со поддршка на Градот Скопје преку програмата за активности во областа на спортот и младите во град Скопје.