Фото: Фејсбук-Mountain association EAGLE

Планинари од клубовите „Игл“ и „Тететкс“ изгадија импровизиран мост преку Лешничка река, на Шар Планина. Мостот на Лешница сега е нов, откако таквиот премин беше оштетен и неупотреблив.

„Овој мост е важен за движењето на планинарите, посетителите и туристи кои сакаат да ја посетат Лешница, а ја користат планинарската патека која почнува од селото Бозовце. Ако нема мост нема да може да премине реката во преиоди кога има повеќе вода,“ изјави Сервет Даути за „tetovoinfo.mk“.

Мостот е направен од стебла од дрвја.