Петровска од УВМК: Дигитализацијата на матичните книги се очекува да биде целосно завршена до крајот на 2023 година

-

Кристина Петровска од Управата за водење на матичните книги во интервју за Порталб.мк зборува за дигитализацијата на матичните книги, сертификатите со неточни податоци, како и за електронските услуги на оваа институција. Таа вели дека до крајот на 2023 година се очекува да заврши дигитализацијата на сите матични книги.

Колкав е процентот на дигитализација на матичните книги?

Дигитализацијата на матичните книги се одвива според стратешкиот план на Управата за водење на матични книги и стратешкиот план на Владата на Република Северна Македонија и се очекува до крајот на 2023 година да биде целосно завршена. Во однос на податоците, досега имаме скенирано 2,1 милион записи од матичните книги. Во тек е реализација на проектот за 2022 година со кој што до крајот на оваа година ќе бидат скенирани уште еден милион записи. Во процент тоа би изнесувало 50 отсто од книгите. Ќе бидат скенирани и достапни за матичарите во дигитална форма.

Во однос на внесот на податоци, досега имаме внесено околу 3,4 милиони податоци. До крајот на годината проектирано е да завршиме со над 4 милиони внесени податоци. Овој број варира постојано бидејќи, исто така, и матичарите тековно ги внесуваат податоците. Изразено во проценти, 70% од податоците се веќе внесени во електронскиот матичен регистар.

Во 2019 година УВМК испечатила околу 21.957 сертификати со неточни податоци, колкав е бројот на сертификати со неточни податоци за 2020 и 2021 година?

Бројот на погрешни изработени изводи е видно намален во изминатите две години. Со правилник на Управата на водење на матични книги е утврдено колкав е бројот на изводи кој што еден матичар на годишно ниво може да ги погреши. Согласно месечните извештаи кои ни ги доставуваат раководителите на подрачните одделенија на крајот на годината се изработува еден годишен извештај во кој што се сумира бројот на издадени изводи и бројот на погрешно издадени изводи, согласно соодветни методологии и доколку некој матичар има погрешено поголем број на изводи истиот се задолжува самиот тој да си ги плати. Во моментов немаме точно бројка, меѓутоа е значително намалена.

Ако државниот службеник направи грешка при внесувањето на податоците во потврдите, зошто граѓанинот треба да плати за нова потврда?

Доколку матичарот направи грешка при куцање на извод, а тоа се случувало бидејќи е жива материја, граѓанинот не го плаќа новиот извод кој што матичарот ќе му го издаде.

Колку граѓаните ги користат електронските услуги на УВМК, дали имате податоци?

Во 2021 година, бројот на корисници на нашите онлајн услуги изнесувал 28.362 и можеме да се пофалиме дека заклучно со денес, денешниот датум во 2022 година бројот на корисници е видно зголемен, повеќе од 50% и изнесува 98.086 корисници.

Засега преку електронскиот систем на УВМК може да се добијат само 4 документи, кога ќе се дигитализираат останатите услуги?

Речиси сите услуги кои Управата за водење на матични книги ги издава на граѓаните се дигитализирани, како што е на пример издавањето на интернационален електронски извод, издавањето на електронско уверение за слободна брачна состојба, онлајн пријава на новороденче, онлајн поднесување на барање за склучување на брак на терен. Тоа се некои новини во нашиот систем кои што се веќе изработени и функционални, меѓутоа истите сѐ уште не се достапни на нашиот портал и порталот на Министерството за информатичко општество и администрација „е-услуги“, поради неусогласеноста на нашиот закон за матично работење со дигиталните промени. Во процес е прилагодување на законот и по отстранување на законските пречки истите веднаш ќе бидат достапни на граѓаните преку порталот на УВМК и националниот портал „е-услуги“.

Како функционираат овие услуги, дали има проблеми некогаш?

Проблеми немаме пораади самиот факт дека бројот на корисници е зголемен за повеќе од 50% од минатата година, што значи дека нашите услуги не ги користат само нашите корисници, ова е бројка од нашиот портал, меѓутоа поголем дел од корисниците се логирани преку порталот на МИОА, националниот портал.

 

Интервјуираше: Фисник Џелили

 

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...