Фото: Testalize.me on Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.749 тестирани, а регистрирани се пет нови случаи на Ковид-19: Тетово – 3 и  Скопје  – 2.

Регистрирани сe шест оздравени пациенти од: Велес – 2, Скопје, Прилеп, Тетово и Пехчево- по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.802, бројката на оздравени пациенти е 150.132, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 183.