fbpx

Патот до долнореканското село Нистрово петти ден е блокиран

-

Патот кон долнореканскотo село Нистрово петти ден е непрооден. Поради минатонеделните врнежи од дожд, дел од овој патен правец е одронат и прекриен со наноси од земја.

Жителите од ова населено место не можат да пристигнат ниту до своите работни места, ниту до училиштата.

– Најголем проблем е со болните лица, кои не можат до појдат до лекар. Кога се уништи патот, неколкупати апелиравме до Општина Маврово-Ростуше да го санира патот, но тие досега немаат ништо преземено. Сега до нашето село не можеме да излеземе со автомобил, по патот може да се помине само со теренско возило, но такви возила немаме – ни изјави жител на Нистрово.

Од Општина Маврово-Ростуше велат дека наредните два дена, целосно ќе го санираат патот. Според нив, жителите од Нистрово непотребно креваат паника.

„Бевме на терен и видовме дека патот е оштетен, но не е толку, како што кажуваат жителите. Договорено е утре да се прати градежна маханизација и да се санираат деловите од патот, односно да се постави соодветен материјал на патот“, велат од Општина Маврово-Ростуше.

Ова не е првпат жителите од Маврово-Ростуше да бидат отсечени од светот. Речиси секоја зима, патот до нивното село е блокиран од големите снежни наноси, кои нередовно се чистат од надлежните институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...