fbpx

Оставка на директорот на Националната разузнавачка агенција на САД

-

Директорот Националната разузнавачка агенција на САД, Џејмс Клапер, денеска поднесе оставка, јавуваат американските медиуми.

Клапер претходно во интервју за „Ен-би-си њуз“ изјави дека ги одборјува деновите кога ќе ја напушти позицијата, односно дека тоа ќе биде на крајот на мандатот на претседателот на САД, Барак Обама. Тој во интервјуто истакна дека веќе 50 години е во службата и оти е време да си замине.

Неговата оставка доаѓа во време кога администрацијата на Трамп размислува во која насока да ја водат националната безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...