fbpx

Орбан во посета на Москва по преземање на претседателството на Унгарија во Европскиот совет

Многумина коментираат дека ваквото однесување на унгарските власти го навестува почетокот и крајот на шестмесечното претседателство на Унгарија со Советот на Европската Унија

-

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, пристигна во Москва каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Ова предизвика бурни реакции кај голем број лидери на Европската Унија, кои јасно ставија до знаење дека унгарскиот премиер нема да го претставува Брисел за време на неговиот престој во Русија. Според нив, ваквиот политички чин претставува личен интерес, наспроти оној за кој се залага Европската Унија.

Забележано е зачестеното користење на авионот Ербасот 604, кој унгарскиот премиер често го користи за патувања во странство. Тој ја напушти Унгарија веднаш по неговото утринско интервју и слета на московскиот аеродром Внуково.

Пред заминувањето, Орбан изјави дека Брисел не ѝ доделил мандат на Унгарија за да промовира мир во Украина. Според него, Унгарија може да биде „добра алатка во рацете на луѓето кои сакаат мир“. Орбан во една од изјавите на социјалните мрежи изјави дека „Мировната мисија продолжува, а втората станица е Москва“.

Многумина коментираат дека ваквото однесување на унгарските власти го навестува почетокот и крајот на шестмесечното претседателство на Унгарија со Советот на Европската Унија. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, искоментира дека Орбан „на никаков начин не ја претставува ЕУ“ во Москва.

Политичките тензии растат во пресрет на Самитот на НАТО во Вашингтон, многу од светските лидери ги менуваат правците на нивните ставови, но и начинот на движење и водење на внатрешните и надворешните политики.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Русија испали проектили врз детска болница во Киев, нападнати повеќе градови низ земјата

Русија денеска изврши напад со десетици проектили врз повеќе градови низ Украина во кој загинаа најмалку 20 луѓе и беше погодена детска болница во Киев, соопштија официјални лица а...