fbpx

Романски навивачи не го извикувале името на Путин за време на фудбалскиот натпревар со Украина

Дека видеото е лажно пишуваат и романски медиуми, пишува Вистиномер

-

Реалноста за скандирањата „Путин“ на романските навивачи е доведена во прашање поради фактот што тие покажаа голема почит кон Украина на стартот од натпреварот, забележува Митдетектор. Германскиот весник „Билд“ пишува дека на почетокот на натпреварот околу 40 илјади романски навивачи извесно време скандирале „Украина“ во знак на почит и солидарност. Според Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност на Украина, звукот е преземен од добро познатото украинско пеење „Путин кхуило“, при што вториот збор бил отсечен и останал само зборот „Путин“. Дека видеото е лажно пишуваат и романски медиуми, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека романски навивачи за време на фудбалски натпревар со Украина, го скандирале името на рускиот претседател Владимир Путин.

На Европското првенство во фудбал Романските навивачи скандираа „Путин! Путин!“ За време на натпреварот против Украина. Конечен резултат: Романија 3-0 УкраинаУкраинците се многу лути поради ова, стои во објавата.

На 17 јуни 2024 година во „Алијанс“ арената во Минхен, како дел од турнирот на Европското фудбалско првенство, се одигра натпревар од групната фаза помеѓу репрезентациите на Романија и Украина, кој заврши со победа на Романците со резултат 3:0.

По ова, на социјалните мрежи како и во некои руски медиуми, почна да кружи видео од романски навивачи како наводно го скандираат името на Путин. Треба да се напомене дека идентични информации дистрибуираше и британскиот таблоид „Мирор“.

Објавеното видео беше коментирано од Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност на Украина, кој е владино тело одговорно за борба против дезинформациите што произлегуваат од Русија, пишува Митдетектор во својата анализа. Според нив, дистрибуираното видео е лажно и звукот во него е додаден со помош на програма.

Според Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност на Украина, звукот е преземен од добро познатото украинско пеење „Путин кхуило“, при што вториот збор бил отсечен и останал само зборот „Путин“. Дека видеото е лажно пишуваат и романски медиуми. Тие не можеле да ја поткрепат својата аргументација со читање од усни бидејќи на снимката се гледаат навивачите одзади, но заклучиле дека движењата, извиците и ритамот на навивачите воопшто не одговараат, посочува Митдетектор.

Звукот најверојатно е преземен од видео од 2021 година, кога украинските навивачи на натпреварот Украина-Австрија  пееја „Путин кхуило“.

Реалноста за скандирањата „Путин“ на романските навивачи е доведена во прашање поради фактот што тие покажаа голема почит кон Украина на стартот од натпреварот, забележува Митдетектор. Германскиот весник „Билд“ пишува дека на почетокот на натпреварот околу 40 илјади романски навивачи извесно време скандирале „Украина“ во знак на почит и солидарност.

Фабрикуваната снимка на која романските навивачи наводно го скандираат името на Путин била потврдена и од организацијата за проверка на факти Опен, пишува Митдетектор. Дополнително, Опен разговарале со навивач присутен на натпреварот на местото каде се снимало видеото и тој потврдил дека такво нешто не се случило.

Поради сите горнаведени факти, оценуваме дека не е точно оти романски навивачи го сандирале името на Путин за време на фудбалски натпревар со Украина.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...