fbpx

Општина Струмица ја одбележа 59-годишнината од раѓањето на Борис Трајковски

-

59-годишнина од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, одбележа денеска Општина Струмица.

Одбележувањето се одржа пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, пред кој претставници на Општина Струмица, јавните институции, политичките партии, здруженија и граѓани положија свежо цвеќе.

Пред споменикот беа прочитани и првонаградените творби по распишаниот литературен конкурс на тема „И по 11 години спомените за претседателот Борис Трајковски сè уште живеат“, а во организација на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...