fbpx

Охриѓанец осомничен за силување на 13-годишно дете

-

Судија на претходна постапка му одредил триесет дена притвор на охриѓанецот И.И. (25), осомничен дека сексуално злоупотребил малолетник, со кој се запознал преку лажен фејсбук-профил, соопшти МВР.

Како што информираат од полицијата, притворениот во ноември минатата година, направил лажен фејсбук-профил „Киколо гико“ и за кратко време воспоставил контакт со 13-годишен ученик од Охрид.

– Во меѓусебната комуникација, сега притворениот И.И. на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе ми даде мобилен телефон „ајфон“ доколку дојде во неговиот дом за лично да се запознаат. Притоа си размениле и телефонски броеви – велат од МВР.

Откако по неколку дена телефонски се договориле кога и каде да се видат, малолетникот отишол во куќата на осомничениот, кој првин со умилкување се обидел да го натера на орален секс, а кога тоа, најверојатно, не му успеало, почнал да се заканува и го принудил детето на сексуален чин.

– По кратко време, на ист начин И.И. извршил полово дејство врз оштетеното малолетно лице. Со ветување дека ќе му даде мобилен телефон, притворениот И.И. до 25 декември минатата година остварил уште неколку средби со малолетното лице – соопштуваат од МВР.

Случајот во полиција го пријавила мајката на малолетникот и, во нејзино присуство, охридската полиција, во консултација со надлежното јавно обвинителство и со центарот за социјални работи, извршила разговор со малолетникот и со неговите законски застапници.

Охридската полиција, по расчистувањето на случајот, против И.И. поднела кривична пријава за полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...