Над 70 организации со реакција кон Цукерберг против цензурата на Фејсбук на поимот „ционист“

Компанијата „Мета“, сопственик на „Фејсбук“ планира да ја промени политиката за говорот на омраза во однос на поимот „сионист“ или „ционист“ поради, како што велат од таму, загриженоста дека тој поим се поистоветува со еврејскиот или израелскиот народ, пишува The Guardian, а пренесува Порталб.мк

Илустрација: Reporting Diversity Network

Компанијата „Мета“, сопственик на „Фејсбук“ планира да ја промени политиката за говорот на омраза во однос на поимот „сионист“ или „ционист“ поради, како што велат од таму, загриженоста дека тој поим се поистоветува со еврејскиот или израелскиот народ, пишува The Guardian, а пренесува Порталб.мк. Коалицијата составена од 73 меѓународни организации реагираше за овој чин со испраќање на писмо до креаторот на Мета, Марк Цукерберг и Мета, во кое тие изразуваат загриженост за политиката за говорот на омраза на компанијата во однос на поимот „ционист“ и неговите ограничувања во легитимниот политички дискурс.

До сега политиката за говорот на омраза на Мета дозволуваше терминот „ционист“ да се користи во „политичкиот дискурс, но се брише кога се користи експлицитно за именување на Евреите или Израелците на еден дехуманизирачки или насилен начин“. Политиката на Мета за говорот на омраза религијата и етничката припадност ги третира како заштитена карактеристика, во споредба со политичките идеологии.

И регионалната мрежа против говор на омраза „Reporting Media Diversity (RDN)ги поддржува  овие организации во нивното барање Мета да не се меша во слободата на говорот и на нејзината платформа да не дозволи цензура на легитимните критики на ционизмот.

Ционизмот е националистичко политичко движење кое се појавило во 19 век за да го поддржи создавањето на една татковина за еврејскиот народ во Палестина, регион што приближно одговара на „Земјата на Израел во еврејската традиција“. По создавањето на Израел, ционизмот стана идеологија која го поддржува „развојот и одбраната на државата Израел“.

„Со продолжувањето на војната во Газа и зголемувањето на антиарапското и антисемитското насилство на глобално ниво, од суштинско значење е да се разбере дека ционизмот е политичка идеологија и дека не сите еврејци и израелци го поддржуваат“.

Многу е штетно оваа идеологија да се поистоветува со цела една етничка и религиозна група. Критиката на ционизмот и делата на израелската држава во суштина не е антисемитски чин, а неговиот третман како таков е неточен, штетен и потенцијално опасен во оваа глобална политичка клима.

Целосната забрана на овој поим може да го поткопа правото на слобода на говор и правото на корисниците да зборуваат за систематското кршење на палестинските права од страна на израелската влада.

Бројот на загинати во Газа надминал 30.000 Палестинци, од кои две третини од се жени и деца, а многу организации за човекови права предупредија за ризикот од геноцид. Ова е особено вознемирувачко бидејќи Мета и неговиот алгоритам и во минатото беа критикувани за цензурирање на гласовите кои ги бранат палестинските човекови права, се вели во писмото на организациите упатено до Марк Цукерберг и Мета.