fbpx

Одземен му е имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, одобрено барањето за притвор

Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка, претрес бил извршен и во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители

-

Судскиот совет вчера на седницата одржана на полноќ му го одзеде имунитетот на судијата на Врховниот суд Наке Георгиев, го одобри барањето за одобрување притвор и времено го отстрани од вршењето на судиската функција.

На новинарите вчера не им беше дозволено да ја следат седницата, односно јавноста беше исклучена поради заштита на угледот и интегритетот на судијата. За одземање на имунитетот на Георгиев гласаа сите десет присутни членови на Судскиот совет на вечерашната седница, од кои двајца, Антоанета Димовска и Сашко Георгиев, се вклучија на Вибер, бидејќи беа на годишен одмор надвор од државата.

На седницата не присуствуваше единствено членката Лорета Георгиева, сограѓанка на Наке Георгиев од Струмица.

Георгиев беше уапсен вчера, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, односно за делото примање награда за противзаконито влијание. Претрес беше извршен и во неговата канцеларија во Врховниот суд.

Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка, претрес бил извршен и во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители. Мемети важи за близок до ДУИ, и два мандати беше народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.

Сомнежите се дека Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за ексградоначалникот на Ново Село, кој е во притвор, Боро Стојчев.

Стојчев во март годинава беше уапсен во голема акција која ја спроведе Министерството за внатрешни работи. Уапсени беа уште девет луѓе за организирање, набавка, продажба и пуштање во промет на марихуана. Тој на функцијата градоначалник на Ново Село беше само една година и два месеци, по што беше разрешен поради шверц на цигари. Беше осуден на 18 месеци затворска казна која подоцна беше намалена на половина година.

Врховниот судија Наке Георгиев кратко беше член на Судскиот совет, но лани во јули поднесе оставка од оваа функција пред официјално да даде заклетва, за да може неговиот син да биде избран за судија во Основниот кривичен суд Скопје, како завршен кандидат на Акдемијата за судии и јавни обвинители. Сопругата на Георгиев, пак, работи како обвинител во Основното јавно обвинителство во Струмица.

Наке Георгиев не е непознат за пошироката јавност. Неговиот избор за член на Судскиот совет беше проследен со контроверзии. Против него се водеше постапка за утврдување одговорност во периодот кога тој беше претседател на Апелацискиот суд во Штип. Меѓутоа, еден ден пред да биде утврдена листата на кандидати за членови на Судскиот совет, на затворен дел од седница, Советот реши да ја запре постапката против Георгиев, откако предметот за него беше држен во фиока неколку месеци.

За истиот случај за кој се водеше постапка против овој судија за периодот кога тој беше на чело на штипска Апелација, претходно беа разрешени тројца судии.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поплави во Бангладеш: Осум загинати и над 2 милиони загрозени

Бројот на загинати во поплавите во Бангладеш оваа недела се искачи на осум, а повеќе од два милиони жители ги осетија последиците обилните дождови, кои предизвикаа излевање на реките...