Извор на фотографија: Министерство за здравство

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 899 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство, според добиените податоци за последните 24 часа.

Во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 546 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 38, во Штип 41 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 24, во Велес се лекуваат 37 болни, а во Куманово 75 пациенти. Во ковид центарот во Охрид лежат 60 пациенти, во Прилеп 84, во Гостивар 20, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 33 пациенти, во Кочани 9, во Кичево 11, во Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации, а вкупно 353 лица се лекуваат на инфективните оддели. На интерните клиники имало 10 приеми. Во ГОБ „8 Септември“ се примени 13 пациенти, а 19 на Инфективната клиника. Во Козле бил примен еден пациент.

Дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 29, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ 52 пациенти со симптоми. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти. Во Институтот за белодробни заболувања кај деца- Козле, има 26 пациенти, а на ГАК се хоспитализирани пет ковид позитивни пациентки.

Утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи да се ослободат дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород, информираат од Министерството за здравство.