Од денеска стартува враќањето на ДДВ на граѓаните, чувајте ги фискалните сметки

-

Враќањето на 15 проценти од данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните стартува од денеска.

Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од денеска ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа и да ги скенираат преку мобилен телефон, преку апликацијата „Мој ДДВ” ќе се скенираат валидните фискални сметки.

„Доколку се исполнат нашите очекувања и граѓаните бараат сметки, ќе им бидат вратени околу 50 милиони евра годишно. Максималниот износ на поврат за едно лице ќе изнесува 1.800 денари за три месеци. 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ на нивната вкупна потрошувачка, а за оние најбогатите два проценти ќе има лимит“, информираше неодамна поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски.

Заради правичност, за да не се случи повратот да оди главно кај најбогатите граѓани, поставени се лимити кои оневозможуваат поврат на дел од ДДВ-то од сметка над 30 000 денари.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...