Од денеска пониски температури, поројни дождови и ветер

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со температура до 36 Целзиусови степени, а од попладнево се очекуваат на повеќе места пороен дожд и грмежи

-

Циклонска активност во Медитеранот, од денеска до средината на следната седмица, ќе предизвика промена на времето, поројни дождови, грмежи, силен ветер и град. Променливото, облачно и нестабилно време ќе резултира и со постепен пад на дневните температури. Во Скопје, исто така, до средината на следната недела, ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со температура до 36 Целзиусови степени, а од попладнево се очекуваат на повеќе места пороен дожд и грмежи. Во Скопје исто така попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме. И утре темпертурите ќе се движат до 36 степени, а времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Невремето во попладневните часови ќе продолжи и следната недела до четврток, а температурите ќе се движат од 12 до 21 степен минималните и од 28 до 35 степени максималните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски: Ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор Радуков

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Желјаско Радуков во врска со неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата...