Циклонска активност во Медитеранот, од денеска до средината на следната седмица, ќе предизвика промена на времето, поројни дождови, грмежи, силен ветер и град. Променливото, облачно и нестабилно време ќе резултира и со постепен пад на дневните температури. Во Скопје, исто така, до средината на следната недела, ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со температура до 36 Целзиусови степени, а од попладнево се очекуваат на повеќе места пороен дожд и грмежи. Во Скопје исто така попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме. И утре темпертурите ќе се движат до 36 степени, а времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Невремето во попладневните часови ќе продолжи и следната недела до четврток, а температурите ќе се движат од 12 до 21 степен минималните и од 28 до 35 степени максималните.