Од утре ќе има дожд и опаѓање на температурите

Во Скопје од утре до средината на следната седмица ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи

-

Од утре до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура, информира УХМР.

На повеќе места ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Во Скопје од утре до средината на следната седмица ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

АНАЛИЗА: „Економските гревови“ на претходната власт нотирани во новата Фискална стратегија: во 2025 раст од 3,7 отсто

Во новата 2025 година невработеноста ќе се намали на 11,2 отсто. Платата ќе се зголеми за 7,5 проценти. Економскиот раст се очекува да биде 3,7 отсто. Но, годинава јавниот...