fbpx

Од денеска бесплатни прегледи поради топлото време

-

Во периодот од 11 до 17 часот да се одбегнува физичка активност, да не се излегува на отворено на директна изложеност на сонце, да се употребува лесна храна, да се пијат повеќе течности, да се носи лесна облека, заштита на главата, постарите лица редовно да ја земаат својата терапија. Доколку граѓаните мора да излезат на сонце, да се практикува пауза или одмор под сенка или во некоја климатизирана просторија, а со себе да се носи вода.

Ова се препораките од Министерството за здравство по најавата дека од денеска во целата држава сите региони ќе влезат во жолта фаза со температура од 34 до 40 Целзиусови степени, а се очекува висока температура и во наредните денови.

Во соработка со сите здравствени домови во државата и со Црвениот крст, Министерството за здравство организира пунктови за бесплатни превентивни прегледи и за совети за превенција од топлото време. Превентивни прегледи ќе се вршат на пунктови во 33 градови, секој ден од 18.30 до 21.30 часот, а ќе се мери крвен притисок и ќе се даваат совети за превенција од топлото време, но и за здрав начин на живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...