fbpx

О2 апелира до пратениците: Забранете увоз и горење отпад, спасете не од отровот

-

Вие сте гласот на народот, затоа апелираме да ја изгласате предлог-измената на Законот за управување со отпад со кој ќе се забрани увозот на отпад кој се согорува во нашата земја, им се обратија денес со апел на пратениците во македонскиот Парламент од граѓанската иницијтива О2 по повод денешната седница во Собрание на чијшто дневен ред е Предлог-измената на Законот за управување со отпад, по скратена постапка.

Образложувајќи зошто од македонските пратеници бараат поддршка за законските измени предложени од пратениците на ДОМ, од О2 потсетуваат дека со оваа измената нема да се дозволи увоз на отпад кој може да се користи како извор на енергија, што воедно и едно од барањата на „Зелен фронт“, група на еколошки граѓански иницијативи, која зимава оргнизираше протести против загадувањето и поднесе листа на бараања до Владата за справување со бројните еколошки проблеми во државава.

„Главниот корисник на увезен отпад кој се согорува е Цементарницата „Усје“, но тука е и „Фени“, како големи индустрии кои легално го користат. При согорување на отпад се ослободуваат канцерогени, мутагени, токсични диоксини, фурани, тешки метали како жива, кадмиум, талиум, олово, арсен, хром. Последните случувања во Бугарија само ја потврдија основата зошто бараме забрана за увоз на отпад како извор на енергија. Организирани криминални структури вршат трговија со отпад каде се фалсификуваат податоци, лабораториски вредности“, се вели во апелот на О2.

О2 сметаат дека не смееме да им веруваме на индустриите кои презентираат нивни мерења на емисии на загадувачки супстанции.

„Ниту имаме контрола на отпадот кој го увезуваме, не знаеме што точно ни влегува во земјата, ниту пак знаеме што и во која количина се ослободува при негово согорување“, тврдат активистите на О2 Иницијтивата во својот апел до пратениците денес да ја изгласаат забраната за користење отпад кко енергенс во индустријата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...