fbpx

Нуланд: Македонците нека ги засукаат ракавите и нека го затворат јазот

-

„Очигледно, никој не посакува избори ако тие не бидат фер и слободни. Мислам дека целото ова поглавје ја извади на виделина потребата од послободно опкружување за медиумите, за да се обрне внимание на изборните прашања што ги идентификуваше ОБСЕ, за систем на владеење на правото во кој сите ќе имаат доверба. Значи, ова се прашања што, исто така, се разгледуваат, во контекст на договорот од 2 јуни. Станува збор, не само едноставно да има нови избори, туку за најчисто, најсилно, демократско придвижување на Македонија напред“, изјави Викторија Нуланд, помошничка на државниот секретар на САД во интервју за „Алсат-М“.

За Нуланд, воспоставувањето доверба во судскиот систем за сите Македонци, независно од нивната политичка партија, е аполутно суштинско.

– Тоа е дел од оваа криза, луѓето немаат доверба во системот. Така што, дел од решението мора да биде посветување особено внимание на прашањата од областа на судството, заедно со чекори кон целосна истрага на сомневањата кои произлегуваат од скандалот – рече Нуланд.

Таа рече дека ако има потреба од американска интервенција на повисоко ниво, тогаш таа би се обезбедила, но, додаде „она што навистина го сакаме е Македонците да ги засукаат ракавите и да ги затворат овие последни јазови, за земјата да се врати на својата работа, на својот демократски курс, а и ние да се вратиме на работата, да ви помогнеме во вашите НАТО-аспирации“.

– Се надеваме дека утре ќе биде многу, многу добар ден и дека сите ќе седнат на маса подготвени да го финализираат договорот. Тоа е во најдобар интерес на Македонија и во интерес на силна трансатлантска траекторија на вашата земја – изјави Нуланд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...