fbpx

НСДП: Во преговорите да се вклучат и помалите парламентарни партии

-

На денешната седница на централниот одбор на НСДП усвоени биле четири заклучоци поврзани со политичката криза. Партијата заклучила дека за да се спречи понатамошното пропаѓање на Република Македонија на внатрешен и на надворешен план, неопходно е организирање на предвремени парламентарни избори.

„Опозицијата не смее повторно да влезе во замката на власта и да прифати датум за избори без да бидат исполнети условите за слободни и фер избори. Вообичаен редослед на активностите би бил итно исполнување на условите преку прочистување на избирачкиот список, почнување реформи во медиумите, што меѓу другото подразбира и расчистување со криминалот и на корупцијата за кои се говори во прислушуваните разговори. Од друга страна, тоа значи и обезбедување на непречена работа на СЈО и потоа консензуално утврдување на датум за избори, точно онака како што побара германскиот дипломат Јоханес Хајндл“, велат од НСДП.

Од партијата очекуваат во преговорите да се вклучат и претставници на помалите парламентарни партии од власта и од опозицијата. НСДП изрази и поддршка на условите и на барањата што ги испорачаа граѓаните преку „Шарената револуција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...