fbpx

НСДП: Ако договорот се почитува, шансите за фер избори се колку-толку реални

-

Постигнатиот договор за надминување на политичката криза може да биде добра шанса и моќно оружје во рацете на демократски определените и слободољубиви граѓани за доаѓање до конечната цел – слободни и фер избори, на кои треба да се порази диктатурата на Никола Груевски, оцени НСДП, коментирајќи го вчера постигнатиот договор.

Партијата смета дека се многу кратки роковите од договорот за имплементација на демократските стандарди во изборниот процес, кои треба да гарантираат рамноправен статус на сите учесници во изборниот процес.

„Сепак, доколку суштината на договорот доследно се почитува од потписниците и тие се придржуваат на динамиката на предвидените активности, шансите за фер избори се колку-толку реални. Само во такви околности опозицијата може да биде некаков контролор на владините политики и гарант за демократичноста на изборниот процес. Првиот и најсериозен тест за одржливоста, договорот ќе го има на 15 септември 2015 година, кога ќе треба да се избере т.н. специјален обвинител, кој треба да ги процесира кривичните пријави против Никола Груевски и криминалната група околу него“, се вели во соопштението на НСДП и се додава дека партијата дотогаш нема да верува во добрите и наводно искрени намери на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ за слободни и фер избори.

Партијата потсети на мартовскиот договор од 2013 година, постигнат по исфрлањето на пратениците и на новинарите од пленарната сала на Собранието на Република Македонија, кој, според НСДП, владејачката партија го окарактеризира како тоалетна хартија.

„Која е гаранцијата дека нема да се обидат истото да го направат и со овој договор? Дотолку повеќе што со договорот од 2013 година се бараше политичка одговорност на најмногу инволвираните во скандалот, додека сега Груевски објективно може да биде соочен со можноста да му биде судено и да заврши во затвор, се разбира, доколку биде избран тој специјален обвинител и доколку совесно и одговорно си ја врши работата. Ние не веруваме дека за толку кратко време Груевски може да се трансформира од тиранин во демократ. Во секој случај, овој договор заслужува да му се даде шанса. Можеби ќе се случи чудо, иако велат дека во политиката чуда нема, туку само интереси“, се вели во реакцијата на НСДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...