Новинарите на МПМ и денеска на протест за намалувањето на платите

-

Новинарите од редакциите на „Медиа принт Македонија“ и втор ден по стапување на сила на одлуката на менаџментот за намалување на платите, излегоа точно напладне на протест пред седиштето на фирмата. На новинарите од „Вест“, „Утрински весник“ и од „Дневник“, од септември, скалесто ќе им бидат намалени платите за 30, 20 и за 10 проценти, во зависнот од положбата на вработените.

Од Синдикатот на новинари и медиумски работници денеска поднесоа реакција со укажување на постапките кои, според нив, се прекршени со носењето на таа одлука.

– За жал, политичките и бизнис-елити во оваа земја правдата и правосудството ги третираат само како средство за да ги земат оние делови што само ним им одговараат. Ние немавме можност да се видиме со менаџментот на МПМ. Од јуни им испраќаме и официјални барања, но на тоа немаме никаков одговор. Дополнително, одлуката за привремено намалување плати подразбира и обврска на работодавецот по истекот на тој рок да ги надомести средствата што се намалени од платите. Тоа никаде не се споменува. Напротив, работодавецот уште вчера попладне по истекот на работно време вршеше притисок врз вработените со доставување анекс и нов договор за вработување, за кој знаеме дека доколку не биде потпишан, може да биде активирана оставка – вели Тамара Чаусидис, претседателката на Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Таа додаде дека ова е нерамноправна битка и дека една од пораките на синдикатот е дека ова не е приказна само за една одредена фирма, ова е приказна на силните, на моќните, кон човечките и работните права.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...