fbpx

Нов Зеланд сепак нема да ги забрани цигарите

Забраната вклучуваше забрана за продажба на цигари за сите луѓе родени по 2009 година, како и намалување на бројот на продавници во кои може да се купат цигари

-

Новоизгласената влада на Нов Зеланд најави дека нема да ја имплементираат политиката подготвена од претходната влада за „генерациска забрана“ за купување  цигари за сите родени во 2009 година или подоцна, известува Гардијан. Новата конзервативна влада тврди дека ја повлекува забраната за цигари за да се компензира за кратењето на други даноци.

Во 2022 година се усвои „генерациската“ забрана на продажба на цигари на сите родени по 2009 година. Ваквата политика беше „пионерска“, односно претставуваше првата сериозна и сеопфатна забрана на цигари. Велика Британија е во процес на имплементирање на слична полиса, инспирирана од новозеландската.

Забраната за цигари требаше да стапи во сила во јули 2024, но конзервативната партија „Национал“, во коалиција со крајнодесничарската партија „Нов Зеланд на прво место“, која е единствениот политички ентитет кој се залагал за повелкувањето на забраната, се согласи да се повлече забраната.

Според новата министерка за финансии Никола Виси, собраниот данок од продажбата на цигари ќе се искористи за да се поддржат други скратувања на даноци кои новата влада планира да ги имплементира. Според неа, даноците од цигарите придонесуваат околу милијарда новозеландски долари годишно во државниот буџет.

„Ние сме стаписани и згрозени од владината одлука. Таа претставува неверојатно уназадување на апсолутно одлични и светско-пионерски здравствени мерки“, вели проф. Ричард Едвардс, истражувач за регулација на тутунот и експерт за јавно здравје на Универзитетот во Отаго, Нов Зеланд.

Се сметало дека забраната на цигари можела да доведе до милијарди заштедени долари во здравствениот систем, бидејќи би се појавувале помалку здравствени компликации, како рак, срцеви удари, мозочни удари, како последица на пушењето.

Полисата требало да се имплементира и преку драстичното намалување на бројот на продавници во кои може да се купат цигари, за да се обесхрабри купувањето на истите и кај тие родени пред 2009 година.

Но, според новоизбраниот премиер Кристофер Лаксон, намалувањето на продавници во кои може да се купат производи со тутун ја отвора вратата за црниот пазар.

Лаксон сепак вели дека е подготвен да го охрабрува намалувањето на пушење цигари, но преку едукативни програми.

„Тектонското променување на навиките поврзани со штетни производи не може да го направат поединци, па дури и заедници. Потребни се добри – и храбри – политики“, вели проф. Лиса Те Моренга, која ја предводи најголемата здравствена невладина организација во Нов Зеланд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...