fbpx

Нов ден, ново покачување на цената на дизелот во земјава

-

Ниту два дена не издржа актуелната цена на дизелот во земјава, а од ноќеска ќе има ново поскапување на бензинските пумпи. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 3 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 отсто во однос на одлуката од 10.10.2022 година.

Од 13.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                   ЕУРОСУПЕР БС – 95                  89,00 (денари/литар)

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 98                  91,00 (денари/литар)

Дизел гориво                 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                103,50 (денари/литар)

Масло за горење            Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                  99,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                   51,920 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,999 отсто, кај дизелот за 4,151 отсто, кај екстра лесното масло за 3,164 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 0,881 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,039 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...