Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 916 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 621 лице сомнително и потврдено за ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, но кога ќе се соберат вкупните бројки по оддели, таа изнесува 612.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.537 и има околу 250 празни болнички кревети во ковид центрите.

„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. До утрово во 8 часот, во ковид центрите во Скопје имало 60 слободни места, информираат од ова министерство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 96 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 68 болни, а во Куманово 137 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 43, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациенти, во Кочани 28, во Кичево 28, Кавадарци 78, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.