fbpx

Нискобуџетни компании казнети со 150 милиони евра оти дополнително наплатувале кабински багаж

Според пресудата, на EasyJet, Ryanair, Vueling и Volotea им се заканува забрана за наплата на патниците за кабински багаж во иднина

-

Шпанските власти ги казнија нискобуџетните авиокомпании, вклучувајќи ги EasyJet и Ryanair, со вкупно 150 милиони евра поради политиките кои вклучуваат дополнителни трошоци за кабински багаж, пренесе Н1.

Во најголемата санкција издадена од Министерството за социјални права и потрошувачки прашања на шпанската влада, авиокомпаниите EasyJet, Ryanair, Vueling и Volotea биле казнети по истрагата започната минатото лето. Според пресудата, на горенаведените компании им се заканува забрана за наплата на патниците за кабински багаж во иднина.

Шпанската новинска агенција „Кадена СЕР“ објави дека казните изнесуваат вкупно 150 милиони евра, а компаниите се осудени и затоа што на патниците им наплатувале дополнителни такси за резервирање соседни седишта за деца и други членови на семејството.

Од Здружението на шпански авиокомпании (АЛА) изјавиле дека казните се „несразмерни“ и посочиле дека авиокомпаниите сè уште можат да се жалат.

Извори од Министерството за „Гардијан“ изјавиле дека Генералниот директорат за потрошувачки прашања отворил истрага во јуни минатата година по поплаките од потрошувачките организации за „злоупотреба“ од страна на авиокомпаниите.

Истрагата се фокусирала на четири области, кои вклучувале дополнителни трошоци за кабински багаж и избор на седишта. Истрагата на владата, исто така, го разгледувала недостигот на транспарентност на превозникот во однос на конечната цена на услугите при онлајн резервации и одлуката да се блокираат плаќањата во готовина на аеродромот за дополнителни услуги.

Според извори на Гардијан, конечните предлози за санкции им биле претставени на компаниите пред неколку недели. Од министерството не сакале да ги потврдат финансиските износи кои се барани од секоја компанија поединечно.

„Кадена СЕР“ објавила дека министерството го осудило „Рајанер“ затоа што на патниците им наплаќа 20 евра за печатење хартиени билети, нарекувајќи го тоа непропорционален трошок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани сто години на Литванскиот фестивал на песната и танцот

Во Литванија се одбележа стогодишнината од Литванскиот фестивал за песна и танц, посветен на народната музика на балтичката земја. Фестивалот, коj се одржува традиционално на секои 4 години поради долгите...