fbpx

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина, мета била енергетската инфраструктура

Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго објави дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и Ивано-Франковската област на запад

-

Русија денеска изврши голем ракетен и беспилотен напад врз Украина, оштетувајќи ги енергетските капацитети во пет региони низ земјата, соопштија официјални лица, пренесе новинската агенција Хина.

Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго објави дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и Ивано-Франковската област на запад.

„Утрово Русите извршија уште еден напад врз украинските енергетски капацитети. Од март, ова е веќе шести масовен, комплексен ракетен и беспилотен напад врз цивилна енергетска инфраструктура“, објави Укренерго.

Украинската воздушна одбрана соборила 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 руски беспилотни летала, изјави командантот на воздухопловните сили.

Од март, Русија го интензивираше бомбардирањето на енергетската инфраструктура на Украина, оневозможувајќи поголем дел од производството на топлинска и хидроенергија, што доведе до прекини на струја и рекорден увоз на електрична енергија.

ДТЕК, најголемата приватна енергетска компанија во Украина, рече дека две нејзини термоелектрани биле погодени за време на нападот и дека опремата била „сериозно оштетена“.

Регионалните власти соопштија дека пожарникарите гаснеле пожари на неколку места по ударот. Засега нема информации за евентуални жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Американскиот новинар Еван Гершковиќ осуден на 16 години затвор во Русија

Новинарот на американскиот „Волстрит журнал“ Еван Гершковиќ денеска во Русија беше осуден на 16 години затвор за шпионажа кое се верува дека е политички мотивирано. Руското обвинителство побара тој...