fbpx

Николовски: 90 отсто од компаниите ги впишале управителите во Регистарот на вистински сопственици

-

Вкупно 69.284 субјекти или речиси 90 отсто од правните субјектите во Регистарот на вистински сопственици ги впишале сопствениците, односно физичкото лице кое директно или индиректно остварува управувачка или контролна влог. Ова денеска го соопштија заменик претседателот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресусри, Љупчо Николовски и директорката на Централниот регистар на Република Северна Македонија, Марија Бошковска Јанковски.

Вицепремиерот Николовски посочи дека со воспоставувањето на овој регистар е исполнета обврската предвидена во европското законодавство за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

„Со ова врвно технолошко решение институциите добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перење пари и финансирање тероризам. Отвораме револуционерно поглавје во транспарентноста– една сосема нова слика за тоа кој стои зад, неретко, комплексни и слоевити сопственички структури на наши фирми и здруженија на граѓани. Во секоја компанија се знае кои се вистинските сопственици, и во евидентирање на компании од странство кои регистрираат тука компании и прават финансиски текови“, рече Николовски.

Податоците од Регистарот на вистински сопственици, од 28-ми април, се јавно достапни преку системите за издавање информации од Централниот регистар.

Бошковска Јанковски изјави дека најголемиот дел од оние кои не се регистрирани се субјекти кои подолг временски период немаат економска активност, ниту контакти или сметка во банка.

„Правните субјекти што немаат пријавено вистински сопственик ќе се соочат со пречки во работењето во правниот и во финансискиот промет. Од оние што поднеле пријава, околу 47.600 се друштва со ограничена одговорност со едно лице (ДООЕЛ), околу 9.600 се друштва со ограничена одговорност (ДОО), 285 се акционерски друштва, 6.030 се здруженија на граѓани и 5.769 останати субјекти“, изјави Бошковска Јанковски.

За приближно 59.000 субјекти е запишан еден единствен вистински сопственик, а најголем број на сопственици запишани за еден правен субјект е 34, и тоа е Стопанска интересна заедница на заштитни друштва на Македонија.

Во регистарот се запишани приближно 70.150 различни физички лица, од кои 93,5 отсто се македонски државјани, 0,5 отсто се странци со регулиран престој, а останатите 6 отсто, односно околу 4.300 лица, се странци.

Иако рокот за уписите во Регистарот е завршен, останува обврската секој новооснован субјект во рок од осум дена од основањето да го запише вистинскиот сопственик, како и да се пријавува секоја промена во сопственичката структура во рок од осум дена од нејзиното настанување. Сите уписи извршени во законските рокови се бесплатни.

Сите податоци од Регистарот се доставени до надлежните институции и до банките, кои имаат клучна улога во спречувањето на перење пари и финансирање тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...