fbpx

Незири: Регионалната трговија е од големо значење за економски пораст на регионот

-

На Економскиот форум за Југоисточна Европа, кој се случува во Софија, во рамки на претседавањето на Бугарија со Процесот на соработка на ЈИЕ, министрите за економија од регионот имаа можност да разговараат за економската соработка меѓу земјите во Југоисточна Европа, имајќи ја предвид Стратегијата за Југоисточна Европа, која претставува регионален одговор на Стратегијата ЕУ 2020.

Министерот за економија, Беким Незири, во своето обраќање, се задржа на значењето на регионалната трговија како фактор на пораст, бидејќи дури пет од вкупно 11 главни цели се поврзани со трговијата и со инвестициите.

– Како што е предложено во Стратегијата на ЈИЕ 2020 и прифатено од земјите потписнички на ЦЕФТА, стремежот е да се постигне пораст во трговијата од 230 проценти до 2020 година, при што регионалната трговија со стоки ќе се третира за трговија на единствен пазар. Меѓу основните приоритети е слободниот протек на инвестиции преку креирање единствен инвестициски концепт, олеснување на трговијата, преку склучување рамковен договор од земјите потписнички на ЦЕФТА, целосно укинување на царинските давачки за земјоделско-прехранбените производи помеѓу нив, воведување дијагонална кумулација на потекло на стоката, во согласност со унифицираните правила на Паневромедитеранската конвенција за потеклото на стоката, како и либерализација на трговијата со услуги – истакна Незири.

Во делот на трговската соработка, министерот Незири рече дека трговијата на Република Македонија во 2014 година со земјите на ЕУ е 72 проценти, а со земјите потписнички на ЦЕФТА изнесува 12,8 проценти од вкупната трговија на Македонија со светот, при што македонскиот извоз во 2014 година се зголемил за 15,6 проценти, а увозот од светот е зголемен за 10,3 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...